ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 30 October 2013 10:49
Здравје
Болките во грбот се јавуваат се почесто, а возраста на која се појавуваат, станува помала, покажуваат последните истражувања. Се разбира, човекот се привикнува на речиси сè. Во таа смисла и кон непријатноста поврзана со непријатните чувства во грбот...
"Во продолжение на активниот живот околу 80% од луѓето во едн или друг степен чувствуваат болка во грбот", тврди д- р Алф Нахемсон, хирург ортопед од Универзитетот во Гетеборг. Според други научници процентот достигнува до 90. Но мислењето на сите професионалци се совпаѓа во однос на возраста на луѓето кои страдаат од болки во грбот - тоа се претежно работоспособните луѓе на возраст од 30 до 50 години. А во периодот помеѓу 45-50 години овие болки стануваат честа причина за привремено губење на работоспособноста. Болките во грбот се подеднакво карактеристични и за двата пола. Лекарите ги поврзуваат со неколку главни фактори: • недостиг на одредени елементи во организмот. • неповолната ситуација на околната средина • генетската предиспозиција • начинот на живот Но, освен тоа има и индивидуални фактори - возраста и професијата. Според проф Норберг Сандер "речиси сите случаи на болки во долниот дел на грбот се последица на слаби мускули и прекумерна тежина". Дали постои начин да се спречат болките Најопасните активности за грбот се напорниот физички труд и седечката работа. Статистиката потврдува дека над 1/4 од вработените во канцеларија страдаат од хронични болки во грбот. • Најдобриот начин е подобрување на начинот на живот и секојдневните навики: Што се однесува до вишокот килограми набљудувајте го своето јадење. Откажете цигарите. • Движете се повеќе. Ако болката веќе се појавила, користете ефикасни аналгетици и анти-инфламаторни лекови, кои лесно навлегуваат во ткивото и брзо го ублажуваат страдањето. Консултирајте се со вашиот лекар или специјалист, кој ќе ја открие точната причина за болката и ќе ви даде соодветен третман. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|