ТОП ВИДЕО |
Wednesday, 30 October 2013 10:21
Здравје
Работата во градината или поправките на куќата го продолжува животот, покажа истражувањето на луѓе над 60-годишна возраст...
Тоа покажува дека избегнувањето на седечкиот начин на живот е клучот за постарите лица. Шведски научници од универзитетот Каролинска во Стокхолм истражувале 4232 луѓе и утврдиле дека градинарството го намалува ризикот од срцев удар и мозочен удар. Постарите луѓе поминуваат повеќе време во седечка положба и прават помалку вежби од луѓето во другите старосни групи. Поради тоа тие се насочени кон активност која е во нивната средина, како исправка на автомобил или поправка на куќа, косење на тревникот, берење на капини или други плодови од градината. Резултатите покажале дека луѓето кои се активни во текот на денот, се изложени на помал ризик од срцев удар, но оние кои вршат скромна дејност без вежби се исто така помалку загрозени од луѓето кои не прават ништо. За време на 12-годишното истражување активноста ја намалила опасноста од мозочен удар за 27% и од смрт за 30%. "Вообичаеното активно секојдневие влијае благотворно на кардиоваскуларното здравје и долговечноста кај постарите луѓе без разлика дали луѓето редовно прават вежби", истакнуваат авторите на студијата. Научниците објаснуваат дека седечкиот живот за долго време го намалува метаболизмот на луѓето, а недостатокот на активност може да ги промени хормоните, произведени во мускулните ткива. Тоа може сериозно да му наштети на целокупното здравје. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|