Saturday, 19 October 2013 09:19 Здравје

Повеќето луѓе знаат дека постојаната употреба на голема количина масти е опасна за здравјето, но тешко може да се замисли степенот на оваа опасност...

Дури само еден појадок, богат со масти, може да доведе до непријатни последици за кардиоваскуларниот систем, бидејќи по донесувањето на таква храна човек реагира посилно од вообичаеното на различни стресни ситуации.

Во текот на своето истражување, научниците од универзитетот " Калгари" ги проверувале стресните реакции на целосно здрави возрасни доброволци. Резултатите се објавени во априлското издание на списанието Journal of Nutrition.

Вечер сите учесници се воздржале од вечера, но за време на појадок поделени на две групи тие земале или мрсна храна (во конкретниот случај т.н. Fast food) или обезмастена (овесни снегулки со млеко, обезмастен јогурт). Дополнително сите земале и додатоци за да се балансира содржината на натриум и калиум во организмот. Количината на примените калории, прифатени од двете групи, на крајот била целосно подеднаква.

Два часа по појадокот учесниците беа изложени на физички и психички искушенија: решавање на тешки математички задачи, говорење пред голема публика на емоционална тема или продолжено задржување на раката во ладна вода.

Во овие ситуации научниците го набљудувале статусот на срцево -васкуларниот систем. "Волонтерите, кои доручкуваа мрсна храна, се одликувале со поголема нестабилност кон кардиоваскуларниот систем, односно кај нив посилно се менуваше крвниот притисок, пулсот и состојбата на крвните садови", раскажува Фабиџана Џакули, еден од авторите на студијата.

А неговиот шеф доктор Тавис Кембел нагласува: "Највпечатливо е не само негативно влијание на мрсната храна врз состојбата на организмот, туку тоа дека негативното влијание се чувствува веднаш по еднократното прифаќање на таква храна".
"Истражувањето ја покажува штетата која мрсната храна ја предизвикува во организмот. Тоа потврдува дека атеросклерозата и високиот крвен се последица на диетите, богата со масти, а силната продолжена реакција на кардиоваскуларниот систем на стресот е поврзана во иднина и со хипертензија", вели Кембел и дополнува "Луѓето имаат сериозен повод да размислат за тоа како ќе се хранат".

Научниците потсетуваат и на фактот дека во многу земји драстично се зголемува бројот на луѓе со тежина над нормата: "Забраната за употреба на мрсна храна не е излез од ситуацијата. Најважно е луѓето да ги добијат потребните информации, за да гo направат свесно својот избор".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...