Wednesday, 16 October 2013 18:31 Здравје

На профилот на фејсбук, Марија М. Канг поставила фотографија на која младата жена позира и го истакнува нејзиното совршено тело...



На фотката е опкружена со нејзините три мали деца. Сликата сама по себе не би била проблем да не пишувало „А кој е вашиот изговор?“. Потоа се дознало дека тоа е реклама за книгата на Марија, односно фитнес план за да го доведете вашето тело до совршенство.

За многу брзо време фотографијата собрала повеќе од 180.000 Допаѓања, 14.000 Споделувања и над 20.000 коментари, од кои најбројни биле негативните. Ја нарекувале одвратна личност и насилничка, која посакува само слава.

„Твојот коментар е полн со предрасуди и осудувачки, изнесен врз основа на твојата ситуација, градба на телото, образование и приход. Зошто мислиш дека е позитивен и дека мотивира? Можеби ако си напишала „вие го можете тоа“ или нешто слично, би било попаметно, отколку да претпоставуваш дека сите имаме изговори“, бил еден од коментарите под фотографијата.

Се разбира, Марија не можела да остане рамнодушна на коментарите и брзо одговорила со коментар.



„Жал ми е што вака негативно реагиравте на насловната страница на мојата книга. Не сакам да навлегувам во детали, јас се борев со мојата генетика, страдав од пореметување во исхраната, имам две работни места, немам дадилка, не сум природно слаба и не работам како фитнес тренер. Сепак, ќе ви го кажам следното: она што вие го интерпретирате не е мој проблем. Ваш е. Првиот чекор во насока на владеење со сопствениот живот, телото и судбината дека мислите излегуваат од вашата глава се само ваши“, напишала жената со совршено тело.

Инаку сега познатата фитнес блогерка е поранешна учесничка во натпревар за избор на убавица, а како млада страдала од булимија. Многу од оние кои и дале поддршка и рекле дека треба да ги игнорираме сите „хејтери“, затоа што тие се веројатно само "љубоморни дебели луѓе".

Во меѓувреме таа во интервју за "Yahoo Shine" уште еднаш се обидела да ја истакне нејзината порака.

„Само се надевам дека оние што беа засегнати со фотографијата ќе разберат дека самите ја контролираат својата судбина. Треба да разберат дека не постои изговор да не најдете време за себе“, рекла Марија.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...