Monday, 30 September 2013 09:21 Здравје

Крафорд, кој е првиот супермодел кој се фотографираше гола за магазинот "Плејбој", често го споделуваше својот начин на вежбање или режим на исхрана. Ова се неколку од основните и вредни совети кои Синди им ги даваше на дамите, за да изгледаат на најдобар можен начин....

Правило 1 - Не барајте изговори
Жените често си велат: "Се опуштам само затоа што никогаш не успевам да стигнам до фитнес салата. Ако имав уште 24 часа на располагање, ќе успеев да се занимавам со својата фигура..."
Заборавете за изговорите. Тренинзите може да се направат во секое време и не само во сала, туку дури и по скалите до канцеларија наместо со лифт". Можете да најдете интересни вежби за извршување дома или дури и во канцеларија.

Правило 2 - Ослободете се од рутината
Нормално е да ви биде досадно, ако во текот на пет години, три пати неделно посетувате една иста сала и ги правите истите вежби. Обидете се да ги проширите тренинзите - денес може да избегате во паркот, утре да пливате или да возите велосипед.

Правило 3 - Не се откажувајте од ништо
"Ако не можете без чоколадо, не се одрекувајте од него, едноставно не го јадете секој ден. Нека парчето торта биде награда за добро завршената задачи во текот на денот или за неколку симнати килограми". Да се откажеме од омилена храна е многу тешко. Јас до лудило сакам макарони и бел леб, иако знам дека тие се екстремно штетни за фигурата. Сепак редовно одам во италијански ресторани и јадам толку паста, колку што можам. Потоа, природно се ограничувам и напорно се обидувам да се ослободам од калориите со вежбање, но фактот си е факт - можам да си дозволам да јадам се што сакам ".

Правило 4 - Купете си тегови
"Често се случува така: се занимавате со фитнес секојдневно, но во одреден момент сфаќате дека резултатот не е толку видлив. Ова е токму моментот кога треба да се упатите во најблиската продавница за спортска опрема и да си купите неколку комплети тегови. Полесните користете за зајакнување на мускулите на грбот, а потешките - за тоа да ги оформите бицепсот и трицепсот".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...