Thursday, 26 September 2013 09:49 Здравје

Не се предавајте! Еве што се можете да направите за да се чувствувате подобро, без оглед на тоа што сончевите денови се се поретки, времето ладно, често пати дождливо...

Дружете се - без оглед на тоа што сте нерасположени, натерајте се себе си да се дружите со други луѓе, со пријатели или колеги, фамилијата, комшиите. Немојте да се затворате дома, во "својот депресивен свет".

Внимавајте како се храните - депресиајта води до гојазност, гојазноста до болести на срцето, крвните садови...Чипс, сокови, алкохол, чоколади, нема да го вратат летото во вашиот живот. Тие крадливци на енергија само ќе направат да се чувствувате полошо. Затоа, навалете на зеленчук, месо, малку свежо овошје и ќе видите како ќе ви биде подобро.

Бркајте го Сонцето - не пропуштајте ги сончевите моменти во текот на денот, задолжително излезете и прошетајте. Така ќе ја обновите потребната доза на витамин Д и ќе го подобрите своето расположение. Доколку не сте во можност да излезете, седнете барем покрај отоворен прозорец.

Вежбајте - така ќе го намалите стресот, ќе го забрзате метаболизмот, ќе ја вратите насмевката на лицето. Не е важно што ќе правите, важно е да ви годи, да ве релаксира, и после тоа да се чувствувате добро. Уште кога ќе се истуширате...

На крајот од денот, без оглед на тоа како и да бил и дали сте постигнале да завршите се или не, одете во кревет порано отколку што практикувавте во текот на летото. трудете се да спиете најмалку седум часа, но никако повеќе од девет.

Есента е убава, само треба да откриете.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...