Tuesday, 24 September 2013 09:21 Здравје

Глобалната стапка на нови заразени од ХИВ и бројот на смртни случаи поврзани со сида, драматично се намалени благодарение на се поголемата достапност на лековите, соопштија од ОН во новиот извештај...

Од ХИВ во светот моментално се заразени околу 35,5 милиони луѓе, но ширењето на инфекцијата и бројот на смртни случаи се намалува, додека расте бројот на лица кои се лечат.

Бројот на смртни слуачи од болести поврзани со сида во 2012 година опаднал на 1,6 милиони луѓе од 1,7 милиони во 2011 година. Врвот се случи во текот на 2005 година, кога животот го изгубија 2,3 милиони луѓе.

Бројот на регистирани нови инфекции од ХИВ вирусот опаднал на 2,3 милиони во 2012 во одност на 2,5 во 2011 година.

Вирусот кој предизвикува сида се пренесува преку крв, млеко за доење и сексуален контакт, но може да се држи под контрола со коктел од лекови преку антриретровирална терапија.

До крајот на 2012 година, околу 9,7 милиони луѓе во сиромашните и средно развиените земји имале пристап до лекарставата против сида, што е зголемување за речиси 20% на годишно ниво.

Во годишниот извештај на ОН се наведува дека за 52% е намален бројот на нови инфекции меѓу децата, а за 33% кога ќе се соберат податоците за децата и возрасните.

Членките на ОН во 2011 година одредиле цел до 2015 година лековите против вирусот ХИВ да бидат достапни за 15милиони луѓе. Директорот на агенцијата UNAIDS Мишел Сидиб изјавил дека оваа цел не само што е достижна, туку треба да се настојува да се надмине.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...