Tuesday, 17 September 2013 08:27 Здравје

Ќе ви прикажеме неколку чекори кои може да ви помогнат да ја забрзате работата на вашиот метаболизам....

Спорт и танц
Со напредувањето на возраста големината на мускулите почнува да опаѓа, се зголемуваат мастите и метаболизмот генерално се забавува. Кога метаболизмот ви е брз, одржувањето во идеална форма е лесна задача, но со неговото забавување станува сè потешко да ги симнете вишокот килограми. Дури и ако сте во напредна возраст, има неколку трикови, со сосема благи промени во начинот на живот, да го забрзате метаболизмот.

Чекор 1
Редовно практикувајте и аеробни вежби како одење, џогирање, пливање, возење велосипед. Вежбите ја намалуваат количината на масти во телото и ја зголемуваат чистата мускулна маса, која го зајакнува метаболизмот.

Чекор 2
Земајте витамин Ц, витамин Б, зелен чај и женшен за забрзување на метаболизмот. Ако во вашето тело има дури и минимален недостиг на овие витамини, метаболизмот се забавува.

Чекор 3
Хранете се по пет или повеќе пати на ден, во мали количини. Овој тип исхрана го тера метаболизмот да работи постојано. Освен тоа ќе се чувствувате сити и нема да се прејадувате.

Чекор 4
Консумирајте протеини, зеленчук, овошје и здрави масти со секое едно јадење. Возрасните имаат тенденција да јадат помалку, а понекогаш и нездрава храна, поради недостаток на време.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...