Friday, 13 September 2013 07:45 Здравје

Нова вакцина против менингитис А, користена во неколку африкански земји, покажа ефикасност во големи размери, покажа истражувањето...

Нема регистриран нов случај на менингитис А меѓу население од 1,8 милиони луѓе, вакцинирани во 2011 година во три региони на Чад, се посочува во текстот објавен во британското медицинско списание "Лансет".

Ако се вклучат сите видови менингитис, новите случаи кои се регистрирани во епидемиски сезона на 2012, се паднати во трите региони на 2,5 за 100 000 луѓе, наспроти 43,6 за 100 000 во други области на Чад, каде што не е направена вакцинација.

Менингококовиот менингитис е воспаление на менингите - мембраната, која го обвиткува мозокот и коскената срцевина. Болеста може да предизвика сериозни нарушувања во мозокот и да биде смртоносна ако не се лекува. Менингитис може да биде предизвикан од различни бактерии, а како најчеста во Африка е од менингокок од серогрупа А, која е одговорна за 80-85% од случаите во Африка. Таму епидемиите се на секои 7 до 14 години. Најранливи на болеста се деца и млади луѓе.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...