Friday, 30 August 2013 08:48 Здравје

Со неодамна спроведено истражување меѓу најпопуларните марки електронски цигари е утврдено дека тие не можат да се сметаат за безбедни, бидејќи содржат канцерогени соединенија...

Истражувањето, кое е финансирано од француското списание 60 Millions Consommateurs, покажува дека без разлика со какви спојници се вчитуваат електронските цигари, од нив сеуште се ослободува формалдехид во количество што е слично на оние на обичните цигари.

Во испарувањата од електронските цигари е откриена токсичната молекула акролеин која кај некои брендови цигари е во повисоки нивоа во споредба со обичните цигари.

Акроленот е хемиско соединение од групата на незаситените алдехиди. Тој наоѓа примена како биоциди и хербицид во индустријата. Неговата молекула е 40 пати потоксична од хидроген цијанидот, кој се користел како хемиско оружје за време на Втората светска војна.

Акролеинот има силно негативно влијание врз сите мукозни мембрани на човекот. Спроведеното истражување утврдува уште дека повеќето модели електронски цигари немаат сигурносен механизам кој ќе го контролира нивото на вдишувања на никотин.

Тоа е многу опасно, бидејќи во некои од течностите се содржат многу високи концентрации на никотин, кој ако биде вдишуван од дете, може да доведе до фатален крај. Според научниците е потребно воведување на построги мерки на контрола од важечките во моментов.

Во Франција употребата на електронските цигари на јавни места е забрането, а наскоро се очекува француската администрација да ја забрани нивната употреба на работното место. Целта на законските мерки е да се наметнат истите ограничувања, бидејќи електронските цигари не се така безбедни, како што велат нивните производители.

Според експертите електронските цигари треба да бидат достапни само за силните зависниците од никотин кои сакаат да ги откажат цигарите.

Тие се загрижени дека рекламирањето на електронските цигари како безбеден производ може да доведе до зголемување на бројот на нови пушачи, особено меѓу малолетниците, наместо да придонесе за одвикнување од пушењето.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...