Wednesday, 21 August 2013 10:25 Здравје

Ако ги ставиме настрана вирусите, другиот главен виновник за појавата на болки во грлото, е климатизацијата, кој е меч со две острици... 

Од една страна, значително ја намалува температурата во просториите и дава свежина, дури и кога надвор е жешко, но од друга, може да го воспали грлото и да предизвика голем број неразположенија. 

Грлото се воспалува токму поради оваа нагла промена на температурата и најмногу поради сушењето на воздухот во просториите во кои работи климата. Кога грлото ќе се воспали, имаме две опции за акција - да купиме лек од најблиската аптека или да сe свртиме за помош кон народната медицина.

По сите апели за здрав начин на живот и здрава исхрана, неспорно сите адути се во рацете на природата и она што таа ни дала. Прво, затоа што е корисно и второ, затоа што нема непотребни дополнителни додатоци кои се ставаат во лековите, освен нивните главни состојки.

Најдобар асистент при воспалено грло, тоа е витаминот Ц кој ќе го зајакне имунолошкиот систем, и тој сам ќе се справи со настанатите проблеми.

Полн со витамин Ц е лимонот. Ако кон него додадеме и малку мед, ќе добиете совршено средство за лекување на болки во грлото. За таа цел исцедете сок од еден лимон. Додадете кон него 1 лажица мед. Целодневно пијте од овој сок и ќе видите дека во утринските часови, болките значително ќе се намалат и многу брзо ќе се вратите во совршена форма.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...