Monday, 29 July 2013 12:08 Здравје

Пиењето на две до четири шолји кафе секој ден го намалува ризикот од самоубиства кај мажите и жените со 50%, покажува новото истражување...

Научници од Универзитетот Харвард ги анализирале податоците од три претходни американски студии и утврдиле дека ризикот од самоубиства кај постарите луѓе кои пијат неколку чаши кофеинско кафе секој ден се намалува за половина во однос на оние кои пијат безкофеинско, мала количина кафе или воопшто не пијат кафе.

Научниците ги анализирале податоци на 200 000 мажи и жени за нивната конзумација на кофеин како преку кафе, така и преку други извори како чај, кофеинови газирани пијалаци и чоколадо. За мнозинството учесници сепак кафето било главен извор на кофеин, а за просечниот период на истражување од 6,5 година биле регистрирани само 277 смртни случаи поради самоубиство.

"За разлика од претходните истражувања успеавме да воспоставиме врска помеѓу потрошувачката на кофеински и безкофеински пијалаци и сметаме дека кофеинот е најверојатната причина за наводниот заштитен ефект на кафето", соопшти раководителот на истражувањето Мајкл Лукас.

Кофеинот го стимулира централниот нервен систем, но може да дејствува и како умерен антидепресив, кој го зголемува производството на некои невротрансмитери во мозокот кои придонесуваат за доброто расположение, како серотонин, допамин и норадреналин. Ова објаснува зошто претходните епидемиолошки истражувања утврдија помал ризик од депресија кај лицата кои пијат кафе.

Покрај откритието, сепак тие не ги препорачуваат депресивните луѓе да се самолекуват, така што ќе ја зголемат потрошувачката на кофеин, бидејќи тоа може да доведе до непријатни несакани ефекти.

"Генерално резултатите покажуваат дека има мал позитивен ефект од консумирањето на повеќе од две-три чаши кафе на ден или 400 милиграми кофеин на ден", предупредуваат авторите на студијата.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...