ВИЦ

Татко и син човекојадци, талкаат низ шумата барајќи ручек. Одеднаш наидуваат на млада згодна туристка која очигледно залутала.
- Тато, ќе ја јадеме ли оваа!?
- Не сине, нејзе ќе ја земеме дома... Мајка ти ќе ја јадеме!

ТОП ВИДЕО

ДЕВОЈКА НА ДЕНОТ

Tuesday, 23 July 2013 15:54 Здравје

Ако се подготвувате на пат со бебе, кое се уште го доите, треба да знаете неколку работи...

На пример, дали ладната вода влијае на износот на млеко  и кои креми за сончање треба да ги користите.

ЛАДНО МОРЕ

Пливањето во море не влијае врз производството на млеко, бидејќи тоа зависи исклучиво од износот што вашето дете го пие.

ПЛИВАЊЕ

Ако сте мајка и сериозен пливач, за време на одморот зголемете ги оброците за да не заостане производството на млеко. Пред да влезете во морето најдобро ќе биде да го подоите вашето бебе, бидејќи млекото по интензивно вежбање добива солен вкус, што можеби на вашето дете нема да му се допадне. Ако влегувате во море само за да се брцате, сè е во ред, не мора да правите вакви отстапки.

БАЗЕН

Водата во базен содржи малку хлор. Сепак, по излегувањето од базен исплакнете ги градите со свежа вода. Ова е потребно за да бидете сигурни дека бебето нема да дојде во контакт со хлор. Освен тоа, хлорот ја суши кожата, па тоа може лошо да влијае на вашите брадавици. Доколку планирате да пливате во базен, понесете ланолинска крема, со која ќе се мачкате секоја вечер.

ПРЕСЛЕКУВАЊЕ

По пливањето облечете сув горен дел за капење. Синтетичките материјали се погодни за задржување на влага, која го оштетува млекото. Може да настанат габични инфекции, кои може да се пренесат и подлабоко во градите, а и во устата на бебето.

КРЕМА ЗА СОНЧАЊЕ

Кремите за сончање или самопотемнување, слабо се апсорбираат во крвотокот, исто како и млекото. Затоа од нив не постои ризик за доењето. Кога ќе се мачкате, немојте да го правите тоа близу до делови на дојките, кои ќе дојдат до допир со устата на бебето. За време на доењето не земајте бета каротен, која може да го забрза потемнувањето.

ПОЧЕСТО ДОЕЊЕ

За време на одмор, давајте му на бебето да јаде повеќе отколку што јаде дома. Мајчиното млеко за бебињата е и вода и храна и неопходна утеха. Кога ќе го промените опкружувањето, некои бебиња веднаш се навикнуваат на новата ситуација, а некои ќе бидат збунети. Ако вашето бебе е нервозно, најлесно е да се смири со доење.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...