Saturday, 06 July 2013 11:30 Здравје

Британски хемичар создаде крем против брчки со најскапи состојки. 50 милилитри од кремот Cult 51 ќе чини 125 фунти кога ќе биде пуштен во продажба на интернет и во луксузниот лондонски магазин Фортнeм енд Мејсон...

Манекенката Кели Брук и пејачката Милене Клас се се обожавателки на ноќниот крем, создаден од британскиот хемичар Ричард Миерс кој им дал примероци, а на листата на чекање има веќе 5000 претставнички на понежниот пол.

При лабораториски испитувања кремот Cult 51 ја подмладува кожата до пет години за само шест недели. Клинички е докажано дека ја намалува појавата на брчки до 52% за 28 дена. Кремот ја зголемува апсорпцијата на кислород од кожата до 45%, а кај експериментите појавата на флеки била намалена за една четвртина за 12 недели.

Миерс тврди дека ова е прв козметички производ на пазарот кој има "3D ефекти", бидејќи ја стимулира кожата да произведува сопствен колаген, додека зголемувањето на производството на клетки и го подобрува протокот на кислород во кожата.

Хемичарот тврди дека суровината која се користи за создавање на кремата е најскапата во историјата. Состојките во масовните лосиони чинат помеѓу 800 и 1500 фунти за метрички тон, а овие во професионална крем чинат до 20 000 фунти за метрички тон. Но материјалите употребени во Cult 51 се на цена од цели 94 000 фунти за метрички тон.

Тоа е првиот производ, кој обезбедува сеопфатна грижа за кожата на лицето, очите, деколте зоната и рацете. Жена која учествувала во клиничките истражувања изјави дека со употребата на Cult51 за две недели реши проблемот со чувствителна кожа, а друга, која имала акни, посочила дека тие буквално исчезнале по осум недели.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...