Thursday, 04 July 2013 08:49 Здравје

Седум или повеќе часа спиење на вечер ги зголемува придобивките за срцето од здравиот начин на живот. Според големо холандско истражување традиционалните совети за вежби, диета, пиење и пушење ги намалуваат смртните случаи од срцеви заболувања и мозочен удар, но уште повеќе животи можат да бидат спасени со доволен сон...

Холандските научници ги следеле срцевите заболувања и мозочен удар кај повеќе од 14 000 мажи и жени повеќе од десет години. До крајот на истражувањето околу 600 лица се разболеле од срцеви заболувања или мозочен удар, а 129 починале.

Истражувачите откриле дека смртните случаи се помалку веројатни кај луѓе кои ги следат и четирите позитивни препораки за начинот на живот - правење вежби, здрава исхрана, умерено пиење алкохол и откажување од цигарите. Почитувањето и на четирите препораки го намалува ризикот од кардиоваскуларни заболувања со 57% и со 67% ризикот од смрт како резултат на мозочен удар или срцеви заболувања, открија научниците.

Но, кога кон четирите препораки за здрав начин на живот се придодаде и доволен сон, седум или повеќе часа ноќе, позитивните последици се зголемуваат, така што се намалува за 65% ризикот од кардиоваскуларни болести и со 83% ризикот од смрт од кардиоваскуларни болести .

"Ако сите учесници се придржуваа кон петте фактори за здрав начин на живот, 36% од срцевите заболувања и мозочен удар и 57% од фаталните срцеви заболувања теоретски можат да бидат спречени или одложени", велат научниците од Националниот институт за јавно здравје и животна средина Блитховен и Универзитетот Вагенинген.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...