Wednesday, 03 July 2013 19:08 Здравје

Само кислород му е повеќе потребно на телото од водата, која често ја занемаруваме...



Нутриционистката Маја Маретиќ открива како до правилна хидратизација и рехидратација.

Хидратација на телото треба да се одржува со редовно внесување на течности во телото, околу 1 чаша вода, не почесто од секои 15 минути, до 1/2 час по неколку голтки.

Рехидратација е процес што трае, затоа на нашето тело треба да му дадеме време да ја прифати и да ја искористи течноста.

Дишењето, метаболизмот, варењето, пренесувањето на хранливите состојки до нашите клетки, ослободување од штетните материи, оптималниот притисок за регулирање на температурата, се некои од телесните функции кои можат да се постигнат само во присуство на вода. Само кислородот е понеопходен од водата за одржување на животот на организмот.

Ако веќе подолг период не се напивте вода и движењата ви се побавни, чувствувате ненадеен пад на концентрација и замор, тогаш време е да се рехидрирате. Тоа се првите знаци за блага дехидрација, затоа треба да избегнувате интензивно чувство за жед. Нагонот за внесување на течности (жед) не е толку силен, како потребата за јадење (глад), но е многу поважен.

Секогаш кога телото ќе се прегрее, 2 милиони потни жлезди започнуваат да лачат пот која содржи околу 99% вода. Со испарувањето на потта поголемиот дел од топлината оди на површината и на тој начин го лади телото. Ја нема секој истата способност да се поти, односно, некој во одредена околност губи 1 литар, додека некој друг е 1,5 литри. Изгубената пот мора да биде надоместена во целост со внесување на течности.

Одличен извор на течности за рехидратација се:

• Вода
• Природни сокови (од овошје и зеленчук)
• незасладени чаеви
• Млеко и ферментирани пијалоци
• Овошјето и зеленчукот (особено со висока содржина на вода, јагоди, малини, цитрон, диња, лубеница, домати, тиквички, зелена салата)
• Супа (јадења што се јадат со лажица), да не е презачинета и без запршка (по можност бистра супа и чорби со зеленчук)


Никој да не ве лаже дека ќе се ослободите од жедта со пиење на газиран сок, тие само привидно ве ослободуваат од жедта, но вистината е дека CO2 од овие пијалоци го дува стомакот и создава чувство на надуваност, што доведува до внесување на помалку течности во 1 ден. Кафето и алкохолните пијалаци имаат диуретично дејство, па препораката е да ги избегнувате во периоди на високи температури или да намалите да ги конзумирате.

Кружењето на водата во телото мора да биде со правилна рамнотежа, што е отежнато при екстремни климатски услови, односно високи (+) температури, кои повторно ни претстојат. Затоа не заборавајте го вашето тело и избегнете ги лошите последици што ги носи дехидрирањето и уживајте во летото.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...