Friday, 07 June 2013 20:57 Здравје

Трчањето не е добро само за циркулацијата, мастите и мускулите, туку постојат и многу други предности кои добро влијаат врз здравјето...



Можеби за некого трчањето е досадно и монотоно, но е многу здраво! Освен што ќе се чувствувате посилни и згодни, трчањето не штити и од многу болести како што се рак, срцеви заболувања и мозочен удар. Но списокот не завршува тука, туку само што почнува.

Ја олеснува поленската треска

Кога лицето со поленска алергија трча 30 минути, алергиските симптоми се намалуваат за повеќе од 70%, покажуваат резултати од ново истражување. Експертите тврдат дека тоа се случува затоа што кардио вежбите како што е трчањето, ги смируваат протеините во ноздрите.

Ги зајакнува и штити зглобовите

Трчањето ги зајакнува колената и другите зглобови. Остеоартритис се јавува кога се троши 'рскавицата на зглобовите. Најголем фактор на ризик во постари години за развој на остеоартритис, е дебелината. Дебелите жени имаат речиси 4 пати поголема шанса за развој на остеоартритис, за разлика од оние кои немаат проблем со тежината.

Кај мажите, дебелината го зголемува ризикот петкратно. Оние кои трчаат почесто имаат нормална телесна тежина, за разлика од оние кои се движат малку, со што значително го намалуваат ризикот од болести на зглобовите. Трчањето исто така ги зајакнува и лигаментите и коските.

Го намалува стресот

Многу жени се колнта дека сите свои проблеми ги решаваат со трчање. На Универзитетот во Грузија биле донесени волонтери во состојба на стрес со кофеински таблети, а вежбањето со собен велосипед ги дало истите резултати како и трчањето. Тоа било 3 пати поефикасно за намалување на стресот, од еден 1 на одмор. Лекарите го препорачуваат трчањето и за лекување од клиничка депресија и други ментални нарушувања, како што се алкохолизмот и зависноста од дрога.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...