Friday, 07 June 2013 11:36 Здравје

Компреси со вода, капење, коцки мраз, водена пареа - сето тоа може да ублажи навидум ситни, но вообичаени здравствени проблеми...

Водата лекува и однадвор и одвнатре. Освен што е корисно да ја пиете, таа има благотворно дејство, и кога се применува за инхалации и масажи.
Сите овие техники ублажуваат различни проблеми и болки.

Менструални болки
Силните болки во стомакот за време на месечниот циклус можете да ги ублажите со топли облоги. Тие ги опуштаат мускулите и ја смирува болката. Натопете ленено платно со вода, исцедете ја и ставете ја на стомакот. Одозгора покријте со крпа или волнен шал и завиткајте го стомакот. Легнете, свртете се и релаксирајте се околу 20 минути.

Болка во грбот
Топлата масажа може да биде прва помош. Застанете под туш, нека водата биде пријатно топла, и пуштите млазот да тече низ грбот. Прво притисокот на течење нека е послаб, а потоа - посилен. Направете го тоа неколку пати, завршете со силен млаз.

Проширени вени
Најизменичното практикување на топол и ладен туш делува поволно кај луѓето со попуштени вени, бидејќи под влијание на промената на температурата вените зајакнуваат. Под дејство на топлата вода тие се прошируваат, а под дејство на студената се стегаат. Треба да ги туширате нозете прво со топла, а потоа со ладна вода, а колку почесто го користите овој третман, толку побрзо ќе го видите посакуваниот резултат.

Испукани петици
Испуканата кожа на петиците не е само естетски, туку и здравствен проблем - испуканата кожа е место за развивање на различни инфекции. Можете да ги запрете, како ги држите нозете во топла вода 15 минути. Потоа внимателно отстранете ја испукана кожа со турпија. Конечно намачкајте ги петите со крем.

Висока температура
Кога тоа ќе се случи, водата е ваш помошник. Натопете парче ткаенина во вода, истискајте го, ставете го во фрижидер да се олади и така ладно ставете го на челото. Кога ќе се затопли парчето, повторете.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...