Friday, 31 May 2013 11:11 Здравје

Оптималната доза млеко за децата на ден е две чаши - ниту повеќе, ниту помалку, објаснија истражувачите од Канада...

Премногу мала количина млеко може да доведе до дефицит на витаминот Д, а премногу големото го уништува нивото на железо во организмот, покажува најновото истражување. Авторите на студијата ги анализирале нивоата на витамин Д и железо, кои се двата важни хранливи елементи на млекото. Потоа набљудувале 1300 деца на возраст меѓу една и пет години.

Водечкиот автор на студијата, д-р Џонатан Maгаир, истакна дека недостатокот на витамин Д кај децата се поврзува со коскени здравствени проблеми. Дефицитот на железо води до заостанување во развојот и когнитивните способности.

Истражувачите откриле дека децата кои пијат кравјо млеко во големи количества, имаат високо ниво на витамин Д, но ниски нивоа на железо.
За тоа препорачаната доза е две чаши кравјо млеко на ден. Ова количество е доволно за да се одржи адекватно ниво на витамин Д и посакуваното ниво на железо. Студијата исто така покажува дека децата со темна пигментацијата на кожата може да немаат доволно витамин Д во организмот за време на зимските месеци. Но наместо да консумираат повеќе млеко, за да се подигне нивото на содржината, подобро е да го прифатат витаминот Д како додаток, препорачаа експертите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...