Tuesday, 28 May 2013 08:14 Здравје

Научници открија дека жените кои имаат повисоки нивоа на кортизол во организмот, се гледаат како помалку привлечни од мажите од смирените дами. Тоа е лоша вест за оние припаднички на понежниот пол кои имаат стресна работа, а уште не ја нашле љубовта, сметаат биолози од Универзитетот во Турку, Финска, цитирани од весникот "Дејли телеграф"...

Тие ги направиле своите заклучоци, откако покажале фотографии на 52 млади латвиски жени со различни нивоа на кортизол во организмот на 18 хетеросексуални млади мажи кои побарале да ја проценат атрактивноста на секоја од дамите.

Кортизолот е катаболен стероиден хормон емитиран од надбубрежните жлезди. Често е нарекуван и хормон на стресот, бидејќи неговото ниво значително се зголемува после физички и емоционален стрес. Всушност овој хормон е многу повеќе од индикатор за нивото на стрес во организмот, тој е и многу важен за скоро сите функции на човечкото тело.

Според научниците причината е во тоа што лицата покажуваат важни сигнали за општата здравствена состојба на човекот, како и поконкретно за способноста за зачнување.

Затоа силно стресните жени кои генерално се и полоши со здравјето, носат "невкусна" порака на нивните лица при барањето на партнер.

Овој феномен не е изолиран само кај понежната половина. Претходните истражувања покажуваат дека мажите исто се гледаат како попривлечни, ако имаат ниски нивоа на кортизол во организмот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...