Monday, 27 May 2013 19:21 Здравје

Кај мажите со пореметен сон и немирност во кревет со мрдање на рацете и нозете, постои опасност од појава на импотенција...



Мажите кои секоја вечер во кревет се мачат поради синдромот на немирни нозе, може да се соочат со закана од сексуална природа - еректилна дисфункција! Синдромот немирни нозе може да го наруши спиењето. А пак пореметениот сон може да биде поврзан со ризик од импотенција, тврдат експерти од Харвард.

До овој заклучок дошле откако анкетирале речиси 10.400 мажи, од ​​кои некои имале синдром со немирни нозе, еректилна дисфункција. 6 години подоцна, ги анализирале здравствените податоци на испитаниците и утврдиле дека дури 23,4% од мажите со синдром немирни нозе, страдаат од еректилна дисфункција, во споредба со 15,4% од испитаниците, кои немале проблем со немирни нозе.

Истражувачите објаснуваат дека заеднички фактор за двете пореметувања е недостаток на допамин.

- Допаминот е главен невротрансмитер за контрола на ерекцијата. Кога нивото на допамин е ниско, може да доведе до проблеми со потенцијата - објаснува авторот на истражувањето Ксинг Џао од Факултетот за медицина на Харвард.

Неговото истражување покажало дека синдромот немирни нозе може да укажува на иден развој од еректилна дисфункција.

- Затоа, ако ви се нарушува мирното спиење, обратете му се на вашиот лекар за да ги држите под контрола другите фактори за ризик од еректилна функција, како што се: пушење, прекумерна телесна тежина, конзумирање алкохол, стрес или анксиозност - советува д-р Џао.

Синдромот немирни нозе е почест вид на пореметување. Секое 10 лице страда од него, а со тоа сигурно страда и другото лице со кое го дели креветот. За жал, многумина никогаш нема да добијат дијагноза или нема да знаат дека станува збор за вистинско пореметување на спиењето, кое се манифестира со неконтролирана потреба за мрдање на рацете и нозете, во моментот кога лицето се обидува да заспие. Често може да се јави и непријатна вкочанетост на едната нога, која исчезнува кога ќе ја подигнете ногата. Сето ова му смета на спиењето и го намалува квалитетот на одморот, што понатаму може да предизвика чувство на замор во текот на денот и така да го поремети целиот живот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...