Wednesday, 22 May 2013 19:54 Здравје

Гребнатинките, акните, раните или операцијата на нашата кожа ни оставаат белег што го носиме цел живот...



Најчесто природата е наш верен „пријател“. Така е и во оваа ситуација. Ако имате делумно оштетена кожа и сакате да ја намалите видливоста на вашите дамки, лузни и стрии, обидете се со овие 5 природни борци.

КОКОСОВО МАСЛО

Масните киселини од ова масло претставуваат силен антиоксиданс. Маслото има антибактериско дејство, лекува воспаленија на кожа, ја обновува и ја штити кожата од бактерии и делува превентивно против стрии.

Примена: Секој ден нанесете го маслото на оштетеното место на кожата.

СОК ОД МОРКОВ

Морковот е полн со витамин А, кој поттикнува зараснување на рани и лузни, и витамин Ц, кој служи за негување и хранење на кожата. Каротенот во морковот ја одржува кожата во здрава форма, а и дава и свежина.

Примена: Измешајте сок ​​од морков со 1 лажичка морска сол и нежно масирајте со течноста на лузната. Оставете да се исуши и измијте со топла вода.

АЛОЕ ВЕРА

Многу моќна билка која успева да продре во најдлабоките слоеви на ткивото, делува антибактериски, го забрзува заздравувањето на рани и изгореници, го стимулира производството на нови клетки на кожата. Ја смирува и ја навлажнува кожата.

Примена: Скинете парче лист од Алое Вера и со сокот од листот намачкајте ја лузната. Оставете да се исуши и немојте да ја миете кожата на истото место. Со сокот може да ги намачкате било кои суви делови од вашата кожа. Нема проблем да се става и на лице.

МАСЛО ОД ЛЕШНИК

Ја хидратизира, ја освежува и ја храни кожата. Ги намалува стриите, црвенилата на кожата и испуканите капилари. Брзо продира во кожата, ја тонизира, ја затегнува и на тој начин ја одржува нејзината еластичност и цврстина.

Примена: Секој ден со маслото намачкајте се на површината на оштетената кожа и оставете да се впие.

МАСЛО ВИТАМИН Е

Дејствува како антиоксиданс, кој спречува формирање на бактерии на кожата и го забавува процесот на стареење на лицето. Содржи анти-воспалителни својства и е многу ефикасно за изгореници, лузни и стрии.

Примена: Нанесете го маслото на оштетената кожа и оставете го да се впие. Наместо масло, можете да користите и витамин Е во капсули.

 

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...