Wednesday, 15 May 2013 13:11 Здравје

Сите знаеме за позитивните ефекти на боровинките и дека треба колку е можно почесто да ги применуваме во секојдневното мени. За оние кои знаат ова е мало потсетување, а за оние кои не знаат еве зошто треба да почнете да јадете од овој  "лек" од природата...

Боровинките се борат со масните наслаги
Според една неодамнешна студија на Texas Women's University, боровинките можат да ги уништат масните клетки во организмот. Експериментот бил спроведен на глувци кои конзумирале боровинки. Кај оние кои земале поголема количина од плодот, се утврдило 73% намалување на липидите за сметка на 27% кај глувците, кои земале помала количина. Боровинките имаат високи нивоа на полифеноли, што ја објаснува губење на тежината кај глувците.

Боровинките ја намалуваат инсулинската резистенција
Состојките содржани во боровинките се борат со високите нивоа на шеќер во крвта и значително ја намалуваат инсулинската резистенција. Според најновите истражувања, овие плодови може да го блокира јаглехидратниот метаболизам во цревата до 90%. А за сите кои страдаат од дијабетес, тие се неверојатно природна медицина.

Боровинките можат да го зголемат животниот век
Во многу од студиите за тоа како влијаат различни соединенија врз должината на животот, научниците ги користат винските мушички како тест предмет за истражување. Утврдено е дека мушичките, кои конзумирале ½ чаша боровинки дневно живеат подолго во споредба со оние кои не конзумирале од овој плод. И не само што живеат подолго, туки и покажуваат добра физичка активност.

Боровинките штитат од рак
Боровинките можат да ве заштитат од рак - тие ја блокираат оштетената ДНК и го закочуваат производството на канцерогени клетки. Па, не заборавајте да го додадете овој вкусен плод во дневното мени.

Боровинките ја помагаат мозочната функција
материите содржани во боровинките ја засилуваат меморијата и ја подобруваат активноста на мозокот. Во едно неодамнешно истражување, научниците утврдиле дека 1 чаша боровинки дневно значително ја зајакнува меморијата и способноста на луѓето да мислат побрзо и логично.

Боровинките го намалуваат ризикот од кардиоваскуларни болести
Конзумацијата на боровинки може да им помогне на крвните садови да се саморегулираат преку намалување или отпуштање на протокот на крв. Загубата на оваа способност е знак за артеросклероза и ако не се преземат мерки, приливот на крв до виталните органи се запира и на крајот се добива срцев удар. Заклучокот: јадете боровинки за здраво срце.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...