Monday, 29 April 2013 11:22 Здравје

Можете да се ослободите од вишокот на масти, без да гладувате, ако додадете во вашата храна некои од зачините кои ги топат мастит. Ова се 5 од најефикасните зачини за слабеење кои го стимулираат метаболизмот, без да му одземат на телото од важните градбени материи, како кога гладувате или сте на строги диети...


Кромид и лук
Овие храни содржат фитохемикалии кои ги разградуваат масните наслаги во организмот, а исто така го намалуваат холестеролот, ги убиваат патогените вируси, бактерии и габи. Поради бројните корисни состојки кои ги прочистуваат ѕидовите на крвните садови и дејствува антибактериски против инфекции, двете храна штитат од срцеви болести.

Куркума
Овој популарен зачин се користи главно во индиската кујна, но се почесто се користи во светот, бидејќи не е само вкусен, но корисен. Таа е најдобар извор на бета каротен од сите зачини. Бета каротенот е антиоксидант кој ги штити црниот дроб од слободните радикали и се грижи за состојбата на кожата и очите. Егзотичниот зачин со портокалова боја му помага на црниот дроб да се самолекува. Го стимулира метаболизмот на мастите и го намалува процентот на мастите во клетките на црниот дроб.

Цимет
Според истражувањето додавањето на мало количество цимет кон храната и пијалоците кои ги конзумирате секојдневно ја зголемува до 20 пати брзината на метаболизмот на шеќерот во крвта. Вишокот на шеќер во крвта може да доведе до складирањето на маснотии, затоа ароматичниот зачин се грижи за вашата фигура. Циметот го балансира нивото на шеќерот во крвта, кое варирање се одразуваат врз расположението и енергичноста.

Лути пиперки
Главната состојка на лутите пиперки е капсаицинот. Тој значително го подобрува согорувањето на масти и ја зголемува енергијата во организмот. Освен тоа лутиот зачин дејствува загревачки и ги убива патогените бактерии во гастроинтестиналниот тракт и го намалува апетитот. Делува против стареење на клетките и го зголемува имунитетот, ја подобрува циркулацијата и го намалува крвниот притисок.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...