Tuesday, 16 April 2013 11:31 Здравје

Пиењето чаша сок од цвекло го намалува крвниот притисок, открија британските научници. Научниците велат дека нитратите во цвеклото ги прошируваат крвните садови и помагаат на протокот на крв...

Пиењето на 250 милилитри го намалува крвниот притисок со 10 милиметри живин столб кај 15 пациенти, вклучени во истражувањето, така што некои од нив го вратиле крвниот притисок во нормални граници. Намалувањето на крвниот притисок започнува по три до шест часа и може да се почувствува еден ден подоцна.

Нитратите се наоѓаат во почвата, од каде се на товарат на зеленчукот преку корените и така им помагаат да расте. "Бевме изненадени колку малку нитрати се потребни за толку голем ефект. Се надеваме дека зголемувањето на приемот на зеленчук со висока содржина на нитрати како зелените лиснати зеленчуци или цвеклото може да се претвори во начин на живот, кој човек лесно може да го прифати, за да го подобри кардиоваскуларното здравје", изјави д-р Амрита Ахлувалиа.

"Истражувањето го поддржува советот да прифаќаме големи количини зелен зеленчук. Но, потребни се поголеми истражувања на пациенти, за да утврдиме дали зеленчукот богат со нитрати е ефикасно средство за намалување на крвниот притисок на долг рок", изјави професорот Питер Вејсберг, директор на Британската срцева фондација која го финансирала истражувањето.

Британските научници кои со години го истражуваат намалувањето на крвниот притисок од цвекло, забележуваат дека е потребна уште работа.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...