Friday, 08 March 2013 12:43 Здравје

Скалпот е поврзан со лицето. Ако вашата кожа е мрсна, тогаш и корените ќе се такви. На краевите на косата, сепак, може да се влијаат надворешни фактори како времето, термичка обработка и козметички производи...

Изберете "помек" шампон
Гледајте ги состојките на производот и не бирајте таков, кој има повеќе агресивни супстанции. На меките шампони обично пишува дека може да се користат почесто. Вие не претерувајте и во никој случај не ја мијте косата почесто од 2-3 пати неделно. Колку почесто ја миете со шампон, толку побрзо ќе се мрси.

Секојдневни грижи
Користете производи кои не содржат хемикалии. Намалете ја употреба на гелови и лакови за коса (и пена).

Консултирајте се со специјалист
Нема ништо срамно во тоа да одите кај дерматолог и да го прашате за состојбата на вашиот скалп.

Избегнувајте прекумерно сушење
Ова важи како за употребата на електрични апарати, така и за природото сонце. Кога можете избегнувајте фен, преса и пеглата (а кога ги користите, не оставајте ја косата без заштитата на дополнителни производи). Не стојте долго време на сонце без капа. Кога сте на море, гледајте да не ја мокрите косата со солена вода секој ден.

Внимателно одберете ја четката
Мокра коса не треба да се влече со четка. Подобро расчешлајте ја со прсти. Откако ќе се засуши, тогаш дооформете ја со четката, но не пред да ја расчешлате со чешел.

Купувајте дрвени чешли, кои да не прават електрицитет и четки со меко влакно.

Не верувајте слепо на секакви маски
Понекогаш она што го пишува на амбалажата, не одговара на содржината. За да не се оштети повеќе косата, потпирајте се на своите баби и мајки и прашајте ги за домашен рецепт за подобрување на состојбата на вашата коса.

Меѓу најчестите состојки во домашните маски влегуваат: жолчка (длабоко негување), јогурт (хидратизира), ракија или друг силно алкохолен пијалок (ги неутрализира мрсните состојки во маската, за да не ја мрсат косата дополнително), мед (негува, но задолжително измешан со други состојки), маслиново масло (негува).

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...