Saturday, 23 February 2013 08:11 Здравје

Пиењето црвено вино штити од оглушување, открија американските научници...

Истражувањето покажа дека хемискиот ресвератрол кој се содржи во црвените сорти грозје, штити од губење на слухот, предизвикан од бучава. За целите на експериментот состојката била инјектирана на глувци, кои потоа биле изложени на силен шум за долго време.

Научниците утврдиле дека веројатноста да добијат долготрајно оштетување на слухот е мала. Супстанцијата ресвератрол помага и во борбата против Алцхајмерова болест, рак и други болести поврзани со напредувањето на возраста, објави авторот на студијата д-р Мајкл Сејдман од болница Хенри Форд во Детроит.

"Ресвератролот е многу силна хемикалија што изгледа штити од воспалителни процеси во телото поврзани со стареењето, когнитивните способности и губењето на слухот", изјави истражувачот. Губење на слухот влијае кај еден на секои пет лица, а слухот постепено се намалува со напредувањето на возраста.

"Со давање на ресвератрол на животните, успеавме да ја намалиме загубата на слухот и на когнитивни способности", изјави д-р Сејдман.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...