Monday, 28 January 2013 11:31 Здравје

Нема убава жена со грда фризура, гласи стара француска поговорка. И покрај современите методи за продолжување, згуснување, сликарството и што ли уште не - косата никогаш не лаже. Причините за косата да изгледа лошо може да се многу, но најчесто тие се последица од недостатокот на витамини и минерали во организмот...

Обично жените имаат тенденција да објаснуваат лошиот изглед на фризурата со гените и наследувањето. Но, тоа не е сосема така. Кога во телото нема доволно витамини и микроелементи, организмот сака да ги "распредели силите" кон виталните органи како срцето, црниот и белите дробови.

Косата, ноктите и кожата се напојуваат со корисни материи последни. Па ако фризурата не ви е сјајна, размислете дали се храните добро и целосно. За да си обезбедите здрава коса, треба во вашата исхрана да додадете некои основни храни како риба, ркулци, грав, јајца и печурки.

Ркулци
Сурови овесни и мешункасти ркулци се богати со силициум, минералот, користен од телото за апсорпција на други минерали и витамини. Добро познато е дека витамините обезбедуваат потхранување на косата и и помагаат да расте здраво. Препорачливо е да ги конзумираме сурови, наместо готвени, бидејќи при термичка обработка тие губат дел од содржината на силициумот.

Риба
Рибата и ракчињата се меѓу најважната храна која треба да ја конзумираме за убава коса. Богати со цинк, морските плодови помагаат за продолжувањето и заздравувањето на влакното и фоликулите, што од своја страна доведува до раст на косата.

Грав
Едноставно како грав, вели народот и се чини дека е така. Гравот, леќата и другите нивни братучеди го стимулираат растот на косата, бидејќи се богати со протеини, а влакно е составен главно од кератин (вид протеин). Овие култури се одлична замена за високопротеинската храна како телешко и свинско месо, за кои се смета дека го зголемуваат нивото на тестостерон во телото.

Јајца
Покрај тоа што се диетални и нискокалорични, јајцата се и многу корисни за косата. Тие содржат околу 13-25 микрограми биотин, кој е воднорастворлив витамин кој ги преработува мастите, протеините и сложените јаглехидрати и така се грижи за тенка половина. Биотинот пак помага за зајакнување на косата и коренот.

Печурки
Без да содржат речиси никакви калории, печурките кои стојат на границата меѓу животинскиот и растителниот свет, се богат извор на цинк, кој е важен за растот на косата и за задржување на влагата во неа. Покрај тоа, тие го штитат влакното од опаѓање. Овој вреден микроелемент помага и за подобар изглед на ноктите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...