Sunday, 25 November 2012 12:19 Здравје

Редовното земање лекови против главоболка може да ви направи уште поголем проблем. Наместо тоа, изедете банана и исправете се, би можело да ви биде многу подобро, велат лекарите.

Кога не мачи главоболка, природна реакција е да посегнеме по лек против болки. Но, тоа може да биде и контрапродуктивно.

Лекарите советуваат да се обидете со алтернативни методи за борба против главоболката. Еве што можете да пробате.

Бананата ќе ги ублажи симптомите, одржувајќи стабилно ниво на шеќер во крвта. Кофеинот, од друга страна, е типичен „стартер“ за главоболка, па избегнувајте чоколадо, кока-кола и кафе.

Е сега, ако го намалите внесот на кофеин во мерка на која сте навикнале можеби главата ќе ве боли неколку дена поради тоа, но кога организмот ќе се навикне, поретко ќе имате главоболки.

Главоболката може да биде предизвикана и од конзумирање на сирење. Но, понекогаш токму пред нападот на главоболката може да се јави интензивна желба за сирење или чоколадо. Обидете се да и се спротиставите на желбата, советуваат лекарите.

Чаша вино не би требало да ви прави проблем, но ако ја испиете по исклучително стресен ден на работа, можете да завршите со пеколна главоболка.

Превентивни тактики за избегнување на главоболката вклучуваат и внесување на доволна количина на течности, со што ќе избегнете дехидрација која е чест предизвикувач на главоболки и избалансирани оброци, така што нивото на шеќер во крвта да не ви осцилира премногу во текот на денот.

Освен тоа, обидете се да воведете правилен ритам на спиење, потрудете се секој ден да легнувате и да станувате во од прилика исто време. Главоболките можат да се појават и кога сте ненаспиени, но и кога ќе „преспиете“.

Кога имате напад на главоболка, исправете се. Ако се стуткате во столот ќе ви биде уште полошо, затоа што неправилната положба на главата прави дополнителен притисок на нервите. Исто така, би требало да ја проветрите просторијата, затоа што мирисите, без разлика дали се пријатни или непријатни, можат да ја влошат состојбата.

Ако ништо од ова не ви помогне, секогаш можете да се напиете апче против главоболка, се разбира.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...