Saturday, 24 November 2012 17:01 Здравје

Пушачите помалку спијат, а нивниот сон е понемирен отколку кај непушачите, покажало германско истражување кое опфатило повеќе од 2.000 испитаници.

Според резултатите од истражувањето објавено во професионалното списание Addiction Biology, утврдено е дека од речиси 1.100 пушачи само 17% спијат помалку од шест часа. Еден портал пренесува дека околу 28% пушачи се жалеле на пореметен сон, односно несоница.

За разлика од тоа, меѓу 1.200 непушачи само 7% спиеле помалку од шест часа, а 19% се жалеле на неквалитетен сон, кажал водачот на истражувањето Стефан Корс од берлинскиот медицински факултет.

„Истражувањето покажува зголемена зачестеност на спиењето кај пушачите во однос на непушачите во збир кој нема претходни психички тегоби, дури и кога во обѕир ќе се земаат потенцијално релевантните ризични фактори“, напишале авторите во трудот.

Како релевантни ризични фактори се земени возраста, телесната тежина и конзумирањето на алкохол.

Од истражувањето не може да се заклучи дека пушењето директно влијае на сонот, затоа што пушачите можат да имаат и други навики кои влијаат на заминувањето во кревет, како долго гледање на телевизија или премалку вежбање, кажал Корс и додал дека постојат причини за верување дека стимулативниот ефект на никотинот игра важна улога.

„Кога пушите и имате проблеми со спиењето тоа е уште една причина да престанете да конзумирате никотин“, кажал Корс.

Други истражувања го поврзуваат лошиот сон и со здравствени проблеми како дебелост, шеќерна болест, срцева болест и друго.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...