Friday, 23 November 2012 16:02 Здравје

Азијската исхрана е богата со здрави намирници, а освен оризот на секојдневното мени се наоѓа и разновидно овошје и зеленчук кои се главни борци против килограмите. Дали знаевте дека Азијките немаат проблем со целулитот? Тајната се крие токму во исхраната, а ако сакате да ја испробате азијската диета бидете подготвени на вкусна исхрана и богати оброци кои нема да ви здосадат.

Кај азијската диета не е важно колку јадете, туку што јадете на дневна, неделна и месечна база. Оваа диета е многу здрава, а ако бидете навистина дисциплинирани можете да очекувате неверојатни резултати.

Секојдневна исхрана

Оризот е главна житарица и се наоѓа на секојдневното мени. Но, ако сакате понекогаш да ја замените со некој друг прилог, нека тоа бидат интегрални резанки, пченка или интегрален леб (колку што е можно помалку).

На секојдневното мени се наоѓа разновиден зеленчук, и тоа во големи количини. Акцент ставаме на морков, спанаќот, марулата, зелката, блитвата, лукот и кромидот. Пред се зеленчукот јадете го свеж со оцет и зејтин, но може и готвен.

За овошјето не треба посебно да зборуваме, затоа што сите многу добро ја знаеме неговата важност. Јадете разновидно овошје кога и да ви падне на памет.

Сојата и оревестите плодови се многу здрави и корисни, па исто така можете да ги конзумирате на дневна база. Истото важи и за рибата и млечните производи од кои ги издвојуваме свежото сирење и јогуртот.



Еднаш неделно

Исхраната на неделна база се поврзува со слатките. Ако посакате нешто слатко, подобро изедете овошје или младо сирење со мед и ореви. Препорака е и темното чоколадо со 75% какао. Истото важи и за месото и јајцата. Направите вкусен ручек од пилешко или мисиркино месо во комбинација со зеленчук и ориз.

Еднаш месечно

Црвеното месо многу ретко се конзумира во азијската исхрана. Телешко, јагнешко, а посебно свинско би требало да јадете колку што е можно поретко. Ваквиот начин на исхрана се покажал како полн погодок затоа што нема гладување, а исхраната е многу разновидна и здрава.

Азијската диета ги ограничува мастите, а речиси во целост ги елиминира штетните заситени масти кои, покрај шеќерот, се главна причина за трупење на килограми и целулит.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...