Friday, 23 November 2012 15:37 Здравје

Многу се зборува за пушењето и за тоа какво влијание има врз здравјето. Всушност цигарите влијаат врз целиот начин на живот, како и на тоа како изгледате. Еве што предизвикуваат на убавината...

Брчки и предвремено стареење
Според едно истражување масивните пушачит изгледаат во  просек за 1.5 година постари од непушачите.

Ќеси под очите
Никотинот дејствува дури и додека спиете. Резултатот - се будите со ќеси под очите.

Пожолтени на заби
Дури и да ви се противречливи некои од другите ефекти на цигарите, едно е сигурно - пушењето дефинитивно ја менува бојата на забите.

Боење на прстите
Ако никотинот може да ги избои забите, замислете што предизвикува на кожата. Редовните пушачи имаат потреба од сериозно ексфолирајње на прстите, за да го прикријат овој ефект. Да не зборуваме за ноктите.

Губење на сјајот на кожата
Јаглеродниот моноксид од цигарите зазема од местото на кислородот во крвта. Како резултат кожата изгледа сува и опуштена.

Истенчување на косата
Докажано е дека редовните пушачи имаат тенка коса, побрзо побелуваат и почесто страдаат од губење на косата во споредба со непушачите.

Непријатни ефекти врз кожата
Овие ефекти се само симптом, но се доста непријатни. Доаѓаат од поголемата предиспозиција на пушачите кон папилома вирус и појава на брадавици. Чудно тврдење, но велат дека е докажано.

Стрии
Никотинот дејствува на сврзното ткиво и според експертите пушењето е меѓу главните причини за појава на стрии, како и за тешкото отстранување.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...