Saturday, 17 November 2012 09:01 Здравје

Броење на калории не е успешна тактика против килограмите, но е убаво да бидете свесни колку калории има во храната. Еве неколку предлози за нискокалорична храна...

Ротквици - 19 калории во 1 чаша
Црвените ротквици се богати со калиум, фолна киселина, антиоксиданси и сулфурни елементи кои помагаат на варењето. Не игнорирајте ги лисјата на ротквици кои содржат 6 пати повеќе витамин Ц и повеќе калциум од коренот. Слободно додавајте ги кон зелените салати.

Чај - 0 калории
Чајот, без разлика дали е црн, зелен, бел ... е исклучително корисен. Полифенолите содржани во него пазат од повреди на ДНК на клетките, кои доведуваат до рак и други болести. Чајот помага за намалување на вредностите на LDL (лошиот холестерол), штити од остеопороза и дебелина, ја засилува мозочната активност.

Целер - 16 калории во 1 чаша
Целерот има многу влакна и го заситува гладот​​. Со речиси никакви калории тој содржи витамин А, витамин Ц и фолиати кои се особено важни за здрава бременост.

Шумски плодови - 32 калории во половина чаша
Јагодите, малините, боровинките и другите шумски плодови се богати со инфламаторни материи кои го намалуваат ризикот од срцеви заболувања и рак. Тие се заситени со антиоксиданси и го штитат имунолошкиот систем, особено ако се диворастечки. Научниците откриле дека дивите боровинки содржат најактивните антиоксиданси од секое свежо овошје, што се должи на богатството на антоцианини во нив.

Моркови - 22 калории во половина чаша
Морковите имаат многу ниска содржина на заситени масти и холестерол. Тие се добар извор на тиамин, ниацин, витамин B6, фолна киселина и манган, а исто така на влакна, витамини А, Ц, К и калиум.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...