Wednesday, 31 October 2012 11:36 Здравје

Дали знаете дека лековите против течење на нос, кивање и кашлање се наоѓаат секаде околу нас? Научете сами да правите здрави напивки кои се извонредни сојузници во борба против настинка...

Сируп од шипка
500 грама шипка измијте ја во обична вода, насечете ја на парчиња и прелијте ја со 3 децилитри чист сок од јаболка. Оставете да отстои преку ноќта. Смесата ставете ја во тенџере и ставете ја на оган се додека не почне да врие. Сокот процедете го и засладете го мед. Овој вкусен сируп ставете го стаклено шише и чувајте го во фрижидер. Земајте по една лажица дневно.

Топол сок од лимон
Ова е многу стар и едноставен рецепт кој е полн со Ц витамин па со самото тоа го зајакнува вашиот имунитет. Исцедете два лимона и измешајте ги со иста количина на загреана, но не зовриена вода. Лимонадата засладете ја со шеќер или мед и испијте ја додека е топла.

Сок од ѓумбир
Излупете парче ѓумбир и насечкајте го на парчиња. Гответе го 10 минути во 5 децилитри вода, процедете и засладете со мед. Ако сакате да го збогатите вкусот и да го зголемите ефектот во чајот додајте малку цимет, коријандер или изрендајте малку кора од лимон.

Чај од липа
Две лажици сушени цветови од липа прелијте со еден филџан зовриена вода и оставете да отстои 10-тина минути. Чајот процедете го, заслате го по желба и испијте го додека е топол. Ова напивка предизвикува потење и ја намалува температурата.

Здрав микс
Цветовите од мајчина душичка и камилица насечете ги на ситни парчиња и прелијте ги со пет лажици мед. Оставете да отстојат неколку часа и здравиот сируп е подготовен за користење. Во текот на денот земајте три пати по една лажица.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...