Сите сакаме да имаме рамен и стегнат стомак! Што сепак ги спречува жените да се доближат до идеалните претстави од сјајни списанија...
Ако физичката активност ви се сведува на преместување на вашето тело од седиштето на возилото во канцеларијата ви или од каучот до фрижидерот, многу е лесно да се акумулираат непотребни наслаги. А да се натерате да одите пеш или да направите неколку вежби е вистински настан во животот!
До 75% од населението се целосно согласни со вас - сепак концентрирањето на непотребни сантиметри во половината е карактеристика како за жените така и за мажите. Но, ако сакате да го направите стомачето рамно, а половината тенка - мора уште сега да станете и да пристапите кон акција!
Дневник на исхраната
Пред се разгледајте ги вашите секојдневни навики на исхрана. За две недели водете си дневник за исхрана и пишете во него се што ќе изедете и испиете, наведувајќи го и начинот на подготовка и обемот на порциите. Не заборавајте да го запишете и конзумирањето алкохол и пријателските излети со скара.
Откако ќе ги запишете писмено двете недели од исхраната, направете си список на корисните производи и покажете интерес кон принципите на здрава исхрана. Проверете го резултатот од дневникот со нормите на здравата исхрана и пресметајте колку "правилни" и "погрешни" производи сте изеле.
За секој "корисен" производ запишете еден плус, а за секој штетен - еден минус. И направете споредба. Кога ќе ја погледнете вистината во очи, најверојатно ќе најдете мотивација да промените нешто.
Бавен и сигурен метод
Сите диетолози во светот се на едно мислење - витката половината и рамниот стомак не се компатибилни со чоколадо и колачи, бели печива, слатки, шеќер, мед, големи количини ореви (особено солени), мрсни и рафинирани производи. Диетата за рамен стомак целсоно ги исклучува пушените производи, конзерви, кечап и мајонез, готовите сокови. Сите овие производи сметајте ги за свои лични непријатели.
Ќе мора да воведе "вето" и на слатките павлаки, пудинг-кремовите, полномасното млеко и полномасната павлака. Под забрана се и производите од првокласно бело брашно. О, тоа е само почеток!
Ако сакате да имате рамен стомак, треба целосно да се откажете од алкохолот и најмногу пивото - во него се содржат фитоестрогени кои го нарушуваат метаболизмот и ги таложат наслагите на половината. Заборавете го и пушењето - никотинот го нарушува дишењето на клетките и го труе организмот, предизвикувајќи предвремено стареење и дебелината.
Запомнете, исто така, дека солта е ваш непријател - намалете ја конзумацијата до 4-5 грама дневно (една лажичка без врв).
Ќе имате рамен стомак ако јадете:
* Пченкарен или леб од трици.
* Каши од цели зрна, варени со разредени 1:1 млеко или само вода.
* Трици и производи кои содржат трици.
* Овошје - како извор на влакна, витамини и минерали. Половината најмногу "сака" агруми, јаболка и круши. Мора да внимаваш со грозјето и банана.
* Свеж зеленчук - можете да го јадете во неограничени количини.
* Млечни производи со масленост не повеќе од 2-3%. Се препорачува јогурт.
* Ореви, морско оревче и бадеми во умерени количини.
* Морски плодови - тие содржат големи количини корисен и лесноусвоив протеин и речиси никакви калории. Можете да направите одлична диета со домашно подготвено маки-суши.
* Месо, риба, пилешко - варено без маснотии или конзумирано филе без кожа. Месото треба да е чисто, без маснотии. Ако сакате можете да си го смелите. Рибата исто така не треба да биде масна и да се приготви без додавање на маснотии. За да бидат вкусни јадењата користете зачини - црн и црвен пипер, цимет, ким, сушени и свежи билки.