Saturday, 13 October 2012 07:31 Здравје

Во 20-тите жените се трудат да изгледаат постаро и позрело, а во просек на 29 години почнуваат да ги бараат првите знаци на стареење...

Во 30-тите, жените почнуваат да се трудат да изгледаат помладо и тоа продолжува со децении понатаму. Наутро пред огледало се посветуваат на темелно проучување на изгледот, будно се следи појавата на нови брчки, знаците на опушање на градите и надлактиците.

Тогаш обично почнуваат да се појавуваат и првите седи влакна, што е проблем кој најмногу ги загрижува жените кога е стареење во прашање. Понежната половина е почувствителна на косата, па лошиот квалитет на влакната и изретчување на косата сериозно загрижува 27% од жените. Исто толку се грижат поради задникот кој веќе не е цврст и обилен како во младите денови, а градите кои се потешко се справуваат со гравитацијата се болна точка на 29% од дамите.

Жените се плашат и од гоење, збрчкани раце и испукани усни.

Како припадничките на понежниот пол се борат против ова зло? Во просек, 12 минути дневно поминуваат нанесувајќи креми против брчки и се шминкаат, што значи дека во тие активности поминуваат три дена годишно.

Интересно е тоа што без оглед на трудот кој го вложуваат, дури 10% од жените се убедени дека делуваат најмалку шест години постаро отколку што навистина се. Но, не е се така црно. 45% од жените кои учествувале во анкетата на компанијата Superdrug, која се занимава со онлајн продажба на козметички препарати, шминки и производи за нега, се среќни затоа што редовно добиваат комплименти за младешкиот изглед.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...