Friday, 05 October 2012 07:36 Здравје

Времето пријатно застуди, но заедно со тоа се зголеми и ризикот од настинки. Не треба да се потценува сериозноста на настинка, затоа секогаш консултирајте се со лекар. Но, во меѓувреме има неколку домашни трикови кои ќе ви помогнат да се справите со непријатните симптоми...

Гаргара со топла солена вода
Врши одлична работа при црвенило на грлото. Стоплете 200 мл. вода, само внимавајте да не е премногу жешка. Додадете една лажица сол. Правете гаргара со солена вода 3 пати на ден по една минута.

Инхалација
При затнат нос ставете тенџере со малку вода на ринглата и почекајте да зоврие. Ставете крпа на главата и наведнете се над него за да ја вдишете пареата. Убаво е крпата да паѓа така што да не дозволува пареата да бега. Вдишувајте колку што можете подолго, но не повеќе од 6-7 мин.

Индиско оревче на гладно
Тоа страшно многу помага при грип, а корисно е и за варење на храната. Наутро на гладен стомак се зема ¼ лажичка индиско оревче во прав. 15 минути после тоа не се јаде и пие ништо.

Чај со мед
Класика во жанрот, но има одличен ефект при воспалено грло. Дури и да немате чај при рака, ставете си лажица мед во чаша топла вода. Медот го смирува грлото и ја намалува иритација предизвикана од кашлица.

Шеќер на шпоретот
Овој лек не е пријатен, но, има директен ефект при затнат нос. Загрејте ја ринглата и и директно врз неа ставете малку шеќер. Вдишувајте го со носот чадот што ќе се појави. Колку повеќе успеете да вдишувате, толку подобар резултат ќе има постапката.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...