Saturday, 29 September 2012 08:55 Здравје

Кога се проѕеваме? Кога сме уморни, кога ни се спие или кога ни е досадно. Проѕевањето е една радознала и се уште голема мистерија од физиолошка гледна точка. Медицинските лица го вбројуваат во т.н. безусловни рефлекси...

Има и нешто друго, кој секој го забележал - проѕевњето е заразно. Зошто е тоа така, ако еден почне да се проѕева, како по команда се проѕеваат и другите наоколу?

Всушност, причините за проѕевањето не се точно познати. Сепак, има неколку верзии.

Замор на нервните клетки. Некои научници сметаат дека проѕевањето доаѓа кога е намалена работоспособноста на нервните клетки - при физички замор, пред или по спиење. Се смета дека чувството на здодевност делува на организмот како поспаност.

Некои функции во организмот се отежнати: дишењето станува поретко и подлабоко. Во крвта се собираат отпадните материи и за да се ослободи од нив, организмот вклучува рефлекс проѕевање.

Бидејќи кај него го напрегаме вратот, мускулите на лицето (особено околу устата), снабдувањето на крвта со кислород се активира, па оттука и хранењето на садовите во големиот мозок, штетните материи се испуштаат и за некое време мозочната активност се подобрува.

Многумина забележале дека проѕевањето се појавува како реакција пред некој важен настан - испит, трка, говор. Ова помага да се понесе товарот, бидејќи мозокот добива повеќе кислород и чувството на страв и загриженост се пригушува.

Американските научници од Универзитетот во Бинхемптон утврдиле дека меѓу главните причини за проѕевањето е преголемото загревање на мозокот. Достигнувајќи одредена критична температура, мозокот почнува да работи полошо.

Проѕевањето кое претставува длабоко вдишување и брзо издишување, обезбедува свеж воздух кој ја лади крвта и преку неа се лади и мозокот.

Истражувачите претпоставуваат дека проѕевањето може да посочува и кон болести кои се поврзани со нарушена терморегулација на мозокот. Не случајно, честите проѕевања се меѓу симптомите на мултипла склероза. Освен тоа, тоа често е предвесник и на епилептични напади и напади на мигрена.

Затоа луѓето кои имаат чести и безпричинслои проѕевања, треба да се свратат до невролог.

Заразноста на проѕевањето е само рефлекс на имитација. Експериментите на британски научници покажуваат дека на оваа "зараза" подлегнуваат секаде и секогаш 60% од индивидуите. Заклучокот е дека меѓу нив мнозинство се оние кои умеат да го споделат и да се соживуваат. При тоа, учесниците во истражувањето реагирале и на фотографии на проѕевање, како и на спелување на зборот "проѕевање".

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...