Wednesday, 26 September 2012 11:22 Здравје

Исхраната по малку но често е поздрава од традиционалните оброци три пати на ден, открија британските научници. Тие ги советуваат луѓето да се хранат по девет пати на ден...

Честото јадење помага за намалување на крвниот притисок и холестеролот, па дури и за топење на килограмите. "Разделувањето на внесената храна, така што ќе се храните повеќе пати на ден, има благотворно дејство врз метаболизмот кон истата храна, конзумирана во помал број оброци", изјави шефот на студијата д-р Сузан Џеб.

Во едно од последните истражувања научниците од Императорскиот колеџ во Лондон ја споредиле исхраната на повеќе од 2000 луѓе од Велика Британија, Јапонија, Кина и САД. Иако тие примале иста количина калории и храна, половина од учесници се хранеле помалку од шест пати дневно, а другите - повеќе од шест пати на ден.

Резултатите покажале дека првата група имала значително повисок систолен крвен притисок - притисок кој крвта го има врз крвните садови додека срцето бие. Учесниците во првата група биле и значително пополни.

Истражувањето на Императорскиот колеџ ги поддржува претходните студии кои советуваат да се откажеме од идеата за придржување кон три оброци дневно - појадок, ручек и вечера.

На пример, научници од Универзитетот во Атина открија со истражување на повеќе од 2000 деца на возраст меѓу 9 и 13 години, дека оние од нив, кои се хранат пет пати на ден ја намалиле за 32,6% веројатноста да имаат високо ниво на лош холестерол во однос на своите врсници, кои се хранеле помалку пати дневно.

Не е јасно зошто исхраната почесто има тоа позитивно влијание, но според една од теориите честите оброци штитат од висок прилив на масни киселини, материи кои се ослободуваат од храната и можат да доведат до акумулација на масти во артериите и да придонесат за високо ниво на холестеролот.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...