Tuesday, 25 September 2012 14:29 Здравје

Сувото овошје може да послужи како добар меѓуоброк кога сте во гужва, но, освен што е вкусно тоа е и природен лек за некои здравствени тегоби...

Остеропороза - сувото грозје е добар извор на бор, минерал чиј недостаток води до губење на коскената маса кај жените во менопауза. Најдобро е во филџан јогурт богат со калциум додадете шака сува грозје и малку сецкани ореви. Просечната дневна количина од овој минерал е еден до два милиграми, но дневните потреби на организмот ќе ги задоволите ако внесувате меѓу три и десет милиграми.

Хроничен замор - кога сме исцрпени имаме зголемена потреба за благо, а урмите се одличен избор. Тие спаѓаат во групата намирници со низок гликемиски индекс, што значи дека шеќерот го отпуштаат полека во текот на подолг временски период, така што нивото на енергија подолко останува високо. Најдобар ефект се постигнува ако урмите се јадат во комбинација со јаткасти плодови, на пример ореви.

Висок крвен притисок - сушените кајсии содржат три пати повеќе од драгоцениот калиум отколку бананите, а сол имаат само во траги. Тие се одличен избор за луѓето кои патат од висок притисок, затоа што калиумот делува како диуретик.

Уринарни тегоби - ако сте склони кон уринарни инфекции, би требало редовно да јадете сушени брусници. Неодамна спроведено истражување покажало дека со секојдневното конзумирање на две шаки брусница (околу 40 грама) се намалува способноста за ешерихија коли, бактерија која е најчест причинител уринарните тегоби да се задржат во организмот.

Запек - шест суви сливи (околу 50 грама) распоредени во две порции во текот на денот ќе ги намалат тегобите подобро од лаксативот.

Анемија - лицата кои патат од анемија мора да внесуваат повеќе железо, а четири суви смокви, покриваат дури четвртина од препорачаната дневна доза. Најдобар ефект се постигнува ако смоквите се јадат со сок од портокал затоа што внесуваме витамин Ц кој му помага на телото да го искористи железото кое го добива.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...