Friday, 21 September 2012 12:29 Здравје

Со првите денови на есента доаѓа и првата настинка, а бидејќи е подобро да спречите отколку да лечите ви носиме неколку совети што е добро да јадете и пиете кога е ладно, а што да избегнувате...

Пијте многу чај
Обичната вода можеби е најдобра, но чајот е добра опција која може да го смири воспаленото грло. Исто така тој е богат со антиоксиданси кои спречуваат инфекција.

Избегнувајте купени сокови
Сокот од портокал има добра репутација и често се истакнува дека е доста богат со витамин Ц, но мора да знаете дека таквиот сок содржи многу шеќер, а токму тој им пречи на белите крвни зрца во борбата против инфекција.

Јадете супа
Супата е многу добра при настинка, а особено супата од кокошка која делува против воспаление. Значи, вистина е дека топлата супа помага во борба против настинка.

Конзумирајте протеини
Иако супата е многу здрава, важно е да јадете и нешто поконкретно. Риба, пилешко можат да помогнат, но треба да внимавате и да се држите подалеку од масните оброци кои тешко се варат и можат да го потиснат имунолошкиот систем.

Набавете ѓумбир
Ѓумбирот е извонреден за борба против воспаление затоа што неговиот корен има својства кои делуваат токму против тоа. Може да го ставите во вода која врие додека не стане жолта и тогаш да ја пиете како чај со мед.

Лук ставајте во сите јадења
Лукот е извонреден за борба против настинка затоа што има способност да спречува инфекција. Ставајте го во што повеќе јадења, така во организмот ќе внесувате уште повеќе витамини и антиоксиданси.

Немојте да пиете алкохол
Во текот на ладните денови пробајте да пиете што помалку алкохол. Имено алкохолот има одреди својства кои можат да го ослабат имунолошкиот систем. Тому тие својства ќе му оневозможат на вашето тело да се бори против воспаленија.

Млечни производи
Многу тврдат дека во текот на настинка треба да избегнуваме млечни производи, доека други тврдат дека истите не треба да ги занемариме. Вистината е дека млечните производи  можат да бидат многу корисни во борба против инфекции зато што се добар извор на протеини и витамин Д.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...