Friday, 21 September 2012 09:53 Здравје

Вашиот smokey eyes look секогаш изгледа прекрасно на почетокот, но веќе неколку часа подоцна вашите очи изгледаат како воошто да не сте ги шминкале. Долготрајната вечерна шминка е сон на секоја девојка а со неколку наши совети ќе ви помогнеме конечно да го постигнете...

1.Набавете си база
Базата или основата за шминкање не е само добар маркетинг трик, таа навистина делува. Базата нанесете ја на капакот од очите неколку минути пред нанесување на сенката и добро размачкајте ја за да не настанат грутки.

2.Коректор на капаците
Ако не сакате да трошите пари за база, искористете го коректорот кој веќе го имате дома. Нанесете го на капаците се до веѓите и тапкајте со прстите. Сенката подобро ќе се нанесе и ќе биде долготрајна.

3.Слоевитост
Пред сенката во прав, на очите нанесете малку сенка во крем во слична нијанса. Внимание - немојте да претерувате со сенката бидејќи крајниот резултат би делувал неуредно.

4.Водоотпорен туш
Имате проблем со тушот за очи кој брзо се брише. Набавете си водоотпорна варијанта. Истото важи и за моливот за очи. Ќе трае цела ноќ, а лесно можеш да ги исчистите со бебешко масло.

5.Извиткајте ги трепките со виткач
Многу шминкери велат дека тоа е еден од најдобрите начини визуелно да ги зголемите очите, а од некоја непозната причина, после оваа постапка - маскарата трае подолго.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...