Thursday, 20 September 2012 08:53 Здравје

Одржувањето на витка линија и при тоа водење на здрав начин на живот е цел на многумина кои на тој пат прибегнуваат кон конзумација на производи кои носат ознака "диетално". За жал некои од нив се нездрави а воедно и причинители за дебелеење...

Диетални газирани пијалоци
Иако имаат помалку калории и помалку шеќер од вообичаените газирани напитоци, диеталните всушност ствараат спротивен ефект од саканото губење на тежината. Истражување кое беше спроведено минатата година покажа дека луѓето кои пиеле два или повеќе диетални пијалоци дневно имале шест пати поголем обем на струкот од оние кои не ги конзумирале.

Фрапе
Иако може да биде преполно со здрави витамини, минерали и други хранливи состојки, овој напиток, особено од рестораните за брза храна, е богат со непосакувани масти, шеќер и калории. Погрижете се вашето фрапе да биде исполнето со овоше, зеленчук и немасно млеко или друга млечна алтернатива.

Замрзнати здрави оброци
Обично таквите оброци содржат зголемена количина на натриум и шеќер, како и други непотребни состојки кои не прават добро на вашето тело. Попаметна опција од ова е свежо приготвена храна и чинија во која половина има зеленчук во комбинација со месо или интегрални тестенини.

Овошен јогурт
Богат со калциум и протеини јогуртот е совршен као меѓуоброк, но количината на додатни шеќери и калории во овошниот јогурт е саботажа на здравата исхрана. Пробајте со домашна подготовка на обичен јогурт, свежо овошје и лажица мед за сладок вкус.

Печен чипс
Иако печениот чипс е одлична алтернатива во однос на пржениот со оглед на намалениот удел на заситени масти, тој за жал изобилува со натриум и шеќер. Како вистинска здрава алтернатива сервирајте си свежо насецкан зеленчук и здрав сос од домати.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...