Tuesday, 18 September 2012 12:07 Здравје

Лошиот ноќен сон е причина за дебелеење, покажува американско-канадско истражување...

Непријатниот одмор во текот на ноќта го зголемува нивото на хормоните поврзани со таложење на килограми, што ги тера луѓето да чувствуваат неодолива желба за слатки или масна храна за да се борат против заморот и недостатокот на концентрација, открија научниците.

Ова може да доведе до маѓепсан круг, бидејќи луѓето лишени од сон доживуваат "шеќерни напади" откако конзумирале нездрави храна како бисквити, чоколади, чипсови. Набргу потоа тие се следени од енергетски напади, кои ги тераат да јадат повеќе масна храна.

Според истражувачите од Детската болница во Источно Онтарио, САД, и Универзитетот Лавал во Квебек луѓето кои се стремат да ги стопат килограмите, имаат потреба од добар ноќен сон меѓу 5,5 и 8,5 часа, во комбинација со добра исхрана и вежби.

"Одлуката за симнување на килограми не е толку лесна како јадете помалку, движете се повеќе и повеќе спијте. Но, се повеќе истражувања покажуваат дека навиките за спиење не треба да бидат игнорирани кога се препишува програма за симнување на килограми на пациент со прекумерна тежина. Сонот треба да биде вклучен во пакетот од секојдневните активности, кој традиционално е фокусиран околу исхраната и физичката активност", велат авторите на студијата д-р Жан-Филип Шапио и д-р Анџело Тремблај.

Научниците утврдиле дека спиењето повеќе од девет часа ги потиснува гените кои водат до таложење на килограмите.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...