Секоја храна има различно влијание врз нашиот организам. Постојат намирници кои е пожелно да ги избегнуваме доколку сакаме мирен и длабок сон. Еве што не треба да јадете непосредно пред спиење...
Сладолед
Тој може да биде најдобриот вкус за придружба во кревет, но е полн со масти кои телото не може да стопи пред спиење. Освен тоа, шеќерот во него ќе ги исполни вашето тело со енергија. Вкусот може да биде смирувачки, но резултатите се - возбуда која го прогонува сонот.
Целер
Овој корисен зеленчук во оваа листа може да ве изненади, но има една многу едноставна причина поради која тој присуствува тука. Целерот е природен диуретик кој го зголемува излачувањето на урината, што пак значи дека ќе ве однесе кон тоалетот барем неколку пати во текот на ноќта. А тоа дефинитивно ќе го наруши вашиот сон.
Паста
Пастата е лесно решение за оние кои сакаат брза вечера пред спиење. Но, имајте на ум дека тестенините се полни со јаглехидрати. Ако си легнете штом ги конзумирате, овие јаглехидрати ќе се претворат во масти. Пастата пред спиење не само што ќе го зголеми "перничките" на вашиот струк, туку и нејзиниот висок гликемиски индекс, кој ќе си "игра" со нивото на шеќер во крвта загарантирано ќе го забави заспивањето.
Пица
Мрсната, солена пица пред спиење е тест за желудникот и за повеќето органи. Доматниот сос во неа има високо ниво на киселост, кое е катализатор за киселини рефлукс. Односно, може да ви предизвика киселини, кои ќе ви прават да се будите неколку пати во текот на ноќта. Едно парче не е крај на светот, само треба да се запре со него!
Колачи
Ако не сакате да сонувате кошмари, избегнувајте да јадете шеќерни производи доцна навечер. Неодамнешна студија покажува дека секои 7 од 10 лица кои консумираат слатки храна пред спиење, сонуваат кошмари. Хипотезата повторно е поврзана со високото ниво на шеќер во крвта.
Житарици
Ако мислите дека чинијата со корнфлекс пред спиење е безбедна храна, се лажете. Житариците често содржат големи количини на рафиниран шеќер и многу јаглехидрати. Тоа повторно значи покачување на нивото на шеќер во крвта, што не е препорачливо за телото пред спиење. Ако сепак решите да каснете нешто слично, одлучете се за пченкарен вид - без содржина на шеќери.
Лук (ако имате слаб стомак)
Добро е да го избегнувате лукот пред спиење не само за да не му мирисате лошо на партнерот, но и поради ред други причини. Лукот е познат како "жешка билка" и заедно со зачинета храна може да предизвика киселини во желудникот. Ако имате слаб стомак, последното нешто што сакате да направите пред спиење е да "запалите огнот во него", нели?
Чоколадо
Кој не сака да си касне парченца чоколадо пред спиење? За жал, ако имате проблеми со спиењето, треба категорично да го избегнувате чоколадото во доцните часови. Особено црното кое е полно со кофеин и срцевиот стимуланс теобромин, познат по својот тонизирачки ефект.
Алкохол
Постои мит дека конзумирањето на обилно количество на алкохол, гарантира длабок и долготраен сон, но тоа не е така. По опивањето навистина се заспива брзо, но сонот нема да биде квалитетен и освежувачки. Алкохолот всушност им пречи на обновувачките функции на сонот и гарантира неколку површни будења во текот на ноќта.
Црвено месо
Проблемот е дека црвеното месо содржи протеини и масти, кои ќе го одржуваат дигестивниот систем активен во текот на целата ноќ. А за да се радуваме на длабок сон, сите системи во организмот треба да бидат во мирување. Не избегнувајте го црвеното месо во целост, бидејќи тоа имаат високо ниво на железо и аминокиселината триптофан. Едноставно не јадете го пред спиење.