ТОП ВИДЕО |
Thursday, 13 September 2012 08:35
Здравје
За да биде усвоен скробот, задолжително треба да биде придружен со ензимот птиалин, кој се наоѓа во плунката. Повеќето овошја го уништуваат птиалинот. Така скроб не може да биде усвоен, кога во стомакот има и овошје...
Под дејство на топлина и влага храната во желудникот ферментира. Се добива оток и тешко варење. Кога овошјето се конзумираат заедно со протеински-масна храна, на пример, со сирење или месо, тие остануваат некое врме блокирани во желудникот, а би требало да поминат брзо во тенкото црево, каде што вообичаено се трошат. За месото сепак е императив да остане во желудникот, каде со помош на соодветните ензими се одвива најважната фаза од неговото усвојување. Плодови се јадат секогаш на гладен стомак. Пример наутро, или барем 20 минути пред појадок, кој е најдобро да биде протеински-јаглехидратен (зрнест леб, жита, ниско калорични млечни производи). По плодовите не смеат да се јадат маснотии. Можете да јадете овошје и помеѓу ручекот и вечерата. Треба само да поминале најмалку два часа од крајот на ручекот и да има од прилика уште толку до почетокот на вечерата. Лимонов сок без шеќер може да се пие секогаш и да се користи како зачин на риба или салати. Секогаш кога е можно, јадете ја кората на овошјето. Растителните влакна во неа ја подобруваат цревната проодност а освен тоа е богата и со витамини. |
Најчитани
Најнови
24FUDBAL.com.mkМакедонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...
Hot & SexyСигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...
|