Tuesday, 04 September 2012 08:15 Здравје

За доручек, за меѓуоброк или десерт, збогатен со суво, свежо овошје и житарки, или пак засладен со сируп или мед, јогуртот е намирница достојна за восхит. Освен што е лесна и здрава, ова млечна намирница крие неверојатни благодети...

1.Јогурт за витка линија
Јогуртот содржи малку калории. Со внесување на јогурт во организмот (како меѓуоброк) внесуваме калциум кој го сигнализира намаленото лачење на хормонот кортизол, што го олеснува слабеењето додека аминокиселините помагаат во согорување на масните наслаги.

2.Јогурт за бели заби
За разлика од шеќерот, јогуртот не предизвикува кариес - најчеста причина за распаѓање на забите. Исто така, млечната киселина ги штити непцаа и забите и делува позитивно на слузницата, а калциумиот помага забите да останат бели. Еден јогурт дневно за бели заби.

3.Јогурт за здравје
Корисните бактерии од јогуртото кои настануваат со ферментацијата, го штитат организмот од воспаленија и штетни микроорганизми. Денес, многу видови на јогурт содржат и посебни видови на пробиотици кои помагаат при регулирање на варењето или јачината на имунитетот. Пробиотиците имаат ефект на природни антибиотици, па токму од таа причина се доста важни, бидејќи спречуваат раст и развој на различни бактерии.

4.Јогуртот е полн со витамини и минерали
Јогуртот и млечните производи се одличен ивор на протеини, минерали и витамини. На пирамидата на исхрана се наоѓаат на исто ниво како и месото, рибата и јајцата. Само една порција јогурт е значаен извор на калциум, магнезиум и калиум, како и фосфор, рибофлавин, јод, цинк, но и витамин Б5 и Б12. Јогуртот е важен и за контракцијата на мусклите, за згрутчување на крвта и за нормална работа на нервниот систем во целина.

5.Јогурт за регулирање на притисок
Истражувањата покажале дека дури 70% од луѓето секојдневно конзумираат двојно повеќе сол од препорачаната дневна доза. Со тек на време тоа доведува до висок крвен притисок, болести на бубрезите и срцето. Калциумот и калиумот од јогуртот помагаат за исфрлање на вишокот на сол од организмот и го намалуваат крвниот притисок.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...