Saturday, 01 September 2012 11:30 Здравје

Сите знаеме дека за губењето на килограмите е потребна силна волја, физичка активности и тие мали и здрави оброци, но постојат и многу трикови до кои дошле научниците по пат на истражувања, а кои навистина можат да го забрзат процесот на слабеење...

1.Почнете да земате витамини
Истражувањето кое го спровело специјализираното американско списание International Journal of Obesity, покажало дека многу жени премногу јадат токму поради недостатокот на некои важни витамини во организмот. Секако, тоа не значи дека земањето витамини ќе ви помогне да ослабите без редуцирање на оброците и физичка активност, но секако ќе ви помогне да се чувствувате поздраво и витално.

2.Ослободете се од вината
По тешкиот оброк или десерт кој обилува со калории - опуштете се и уживајте. Крстин Неф, авторка на книгата "Self-Compassion" вели: "Луѓето кои многу јадат често чувствуваат вина што доведува до зголемен стрес поради кој повторно се свртуваат кон храната за да се утешат".

3.Јадете од мали чинии
Малите порции се спас за тенкиот струк, велат истражувачите за храна и прехрамбени навики од универизтетот Корнел. На универзитетот поставиле апарат за сладолед со мали и големи чинии. Испитаници кои се одлучиле за големите чинии во нив ставиле дури 31% повеќе сладолед од оние кои се одлучиле за мали чинии. Тоа доведува до заклучок дека луѓето имаат потреба да ја наполнат чинијат до крај, па затоа е подобро да се јаде во мали порции.

4.Спијте во разладена просторија
Докажано е дека просториите со малку ладен, свеж воздух можат да помогнат за добар сон и забрзување на метаболизмот. Списанието "Obesity Reviews" откирало дека луѓето во последните десет годни спијат во се потопли простории што не е добро за нас. Спиењето во ладна просторија го потикнува телото само да се загрее, така што согорува калории додека спиеме.

5.Пијте вино
Дали знаевте дека виното помага во одржување на витка линија? Истражувачите од болницата Brigham and Women's Hospital во Бостон откриле дека жените кои пијат по 1-2 чаши вино на ден имаат значително помалку килограми од оние кои воопшто не пијат алкохол или пак оние кои пијат многу.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...