Monday, 20 August 2012 14:25 Здравје

Стресот во психологијата е состојба на силна нервна напнатост, предизвикан од негативно физичко или емоционално влијание. Високите нивоа на стрес може да имаат негативен ефект врз физичката, емоционалната и менталната концетрација...

Континуираниот стрес исто така може да го оштети делот во мозокот задолжен за "складирање" на нови информации. Затоа е особено важно да набавиме минерали од храна, кои имаат својство да се борат со стресот. Еве 5 супер намирници кои ќе ви помогнат во борбата против стресот.

Спанаќ
Три чаши спанаќ обезбедуваат 40% од потребната дневна доза магнезиум - минерал кој е одговорен за намалување на стресот.
Трик: Конзумирајте спанаќ не само приготвен, туки и сиров во салати, сендвичи и омлети.
 
Портокали
Во зима дури и најмалиот напор влијае на имунолошкиот систем. Но, витаминот Ц, кој се содржи во цитрусите, ја зголемува заштитата на организмот од вируси.
Трик: Земете свеж сок од портокал наместо вообичаената Кока Кола.

Чоколадо
Тајната на дејството на чоколадото се крие во главата. Бидејќи дејството е повеќе психолошко. Какаото го зголемува нивото на неврохимикали кои пак делуваат врз делот на мозокот одговорен за чувството на среќа.
Трик: Не е задолжително! Но, сепак ние си знаеме дека без чоколадо не можеме!
 
Риба
Омега-3 масните киселини во калоричните риби како лососот, помагаат во намалување на анксиозноста.
Трик: Изберете парче лосос или ролат од ракчиња од менито на исхрана.

Овесни снегулки
Витаминот Б во овесот го стимулира производството на серотонин - основниот невротрансмитер, кој испраќа сигнали за смирување на мозокот.
Трик: каснете чинијата со овесни снегулки кога имате во план цел ден да бидете надвор, како на пример за целодневен шопинг.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...