Monday, 20 August 2012 07:20 Здравје

Човекот е една од најголемите мистерии на природата и покрај успесите на модерната медицина, сеуште не е целосно изучено...

Ви нудиме неколку интересни факти за вашето здравје:

1. Нашето тело умее да произведува аспирин. Конзумацијата на свежо овошје и зеленчук му помага на организмот да произведува аспирин, што е докажано со обиди, спроведени од Journal of Agriculture and Food Chemistry. Во текот на истражувањето научниците откриле дека преземањето на бензоат киселината која се содржи во овошјето и зеленчукот (најмногу во црвените боровинки), доведува до производство на ацетилсалицилна киселина во организмот - основна активна супстанција на аспиринот.

2. Краткиот сон е многу корисен. Ако си дозволите да дремнете 20 минути на работното место, тоа ќе ви ја подобри концентрацијата, ќе ве наполни со добро расположение и ќе ја зголеми способноста. Вилијам Ентони, еден од авторите на книгата "Уметноста да дремнуваме на работа" тврди дека еден таков краток сон може да ве наполни со сила за до 6-7 часа. Покрај тоа, овој режим е корисен и за кардиоваскуларниот систем.

3. Јагодите и сода бикарбоната може да ги направат забите побели, лукот ги убива габите по нозете, а медот помага за олеснување на мамурливоста.

4. Ако си водите дневник на исхрана, тогаш обидите да го симнете вишокот килограми ќе бидат два пати поефикасни.

5. Редовната гимнастика може да го намали ризикот од заболување од рак кај жените - но само во отсуство на ненаспаност.

6. Ако се гледате во огледало додека трчате на движечка лента, ќе добиете подобри резултати.

7. При одење во спротивна насока на ветрот, во вода или со тежок ранец на грбот ќе согорите 50 калории повеќе отколку ако одите без дополнително оптоварување.

8. Искусен сексолог може да каже многу за сексуалниот живот на една жена, судејќи само по нејзиниот од. Друго истражување во овој правец покажува дека мажите ги сметаат за попривлечни жените облечени во црвено. Помалку привлекување предизвикуваат дамите кои носат облека во ладни бои - сина или зелена.

9. Долго време слепото црево се сметаше за непотребен орган. Сега се чини дека во овој израсток, исто како и во сеф, се чуваат корисните бактерии кои живеат во стомакот.

10. Ризикот да добиете срцев удар е повисок во понеделникот, како и во првите три дена додека страдате од грип или респираторна болест.

Bookmark and Share


24FUDBAL.com.mk

Македонија | Езгјан Алиоски одигра 90 минути за Лидс против Брентфорд, меч...
Шпанија | Јапонецот импресионираше во текот на претсезонските подготовки з...
Шпанија | Неколку извори од Шпанија пренесуваат Реал Мадрид и ПСЖ се во на...
Англија | Офанзивецот имаше големи проблеми ланската сезона откако се здоб...

ГАЛЕРИЈА

ИГРИ

Pirates and Treasure
Sniper team
Shopping Cart Hero 3
Achilles 2
Hey You Are a Box
Let the Bullets Fly 2

Hot & Sexy

Сигурни сме дека не би имале ништо против да ве изеде ваква секси волчица...
Сигурни сме дека би сакале да одите во пустина со ваква дама...
Девојките се неодоливи, а нивниот заден дел уште повеќе...